Акциите на шведска маса, но очигледно никој не е гладен!
Акциите на десетте најликвисни компании во јули обезвредниле за уште 5.15%, покажува извештајот на Македонска Берза.
Намалувањето на вредноста на капиталот е проследено со минимален промет од тргувањето, само 5.8 милиони евра за цел месец, што не е ниту 3% повеќе од јуни.
Македонскиот пазар на капитал е препуштен главно на домашните инвеститори. Од вкупно продадените акции само 4% ги купиле странски инвеститори.
Најголем интерес за тргување имало за акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол на кои што отпаѓаат дури 60% од вкупниот промет.
Најголем раст оствариле Охридска Банка, Тетекс и ТТК Банка, додека губитници на месецот биле Агрокуманово, Технокомерц, РЖ Услуги и Топлификација.
Слично
