Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акциите на Макпетрол најтргувани: Колкав промет оствари Берзата во септември?

Акциите на Макпетрол најтргувани: Колкав промет оствари Берзата во септември?

Податоците на месечниот билтен на Македонска берза во септември покажува дека најтргувани биле акциите на Макпетрол.

Според билтенот, со акциите на Макпетрол се реализирани 183 трансакции со учество во вкупниот промет од 25,28%.

Веднаш зад Макпетрол најтргувани на берзата се акциите на Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.

Извештајот покажува дека со хартиите од вредност на Алкалоид се реализирани 153 трансакции со 20,15 % учество во вкупниот промет и просечна цена од 5.363,93 денари.

Со 115 трансакции или 13,29 % учествуваат акциите на Комерцијална банка и истите достигнаа просечна цена од 2.405,46 денари.

Во групата на најтргувани се хартиите од вредност на Охридска банка АД Скопје, Прилепска Пиварница Прилеп и НЛБ Банка АД Скопје.

Што се однесува до прометот на Македонска берза за месец септември тој изнесува 156.578.963 денари и забележал пад од 14,38%.

Бројот на трансакции на Берзата изнесува 960 и истиот паднал за за 0,50%.

Слично

Поврзани вести