Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акциите на Apple рекордно високи, но инвеститорите да внимаваат

Акциите на Apple рекордно високи, но инвеститорите да внимаваат

Apple достигна рекордно ниво на вредноста на акциите од 133,3 долари, но финансиските експерти ги предупредуваат инвеститорите да внимаваат бидејќи технолошкиот гигант е под очекуваното ниво на вкупна заработка поради намалената продажба на iPhone смартфоните во текот на 2016-та година.

Сега компанијата има проценета пазарна вредност од 700 милијарди долари што секако е многу високо, но е за 70 милијарди долари помалку од вредноста која беше поставена во рекордната 2015-та година. 

Исто така профитабилноста на самите акции се намалува бидејќи Apple во изминатите две години си откупи назад околу 1 милијарда акции за што потроши огромна сума на кеш пари, па така и со активностите на берзите придонесе за актуелниот раст на вредноста на акциите.

Apple годинава ќе мора да докаже дека е способен за повеќе иновации со јубилејниот iPhone X од чија продажба ќе се добие крајниот резултат дали е на добар пат или полека ќе се покаже кризата со намалени приходи.

Слично

Поврзани вести