АКЦИИТЕ НА „АЛКАЛОИД“ МЕЃУ НАЈТРГУВАНИТЕ: Како компанијата ја изработе 2019 ?
Едни од најтргуваните акции на македонската берза се акциите на фармацевтската компанија „Алкалоид“ а минатата година нивната цена се движела од 8.200,00 денари до 11.901,00 денари.
Ова станува јасно од податоците на „Алкалоид“ најголемата македонска фармацевтска компанија која 2019 година ја заврши со скок на добивката која според податоците изнесува 16,5 милиони евра.
Инвестициите на „Алкалоид“ пак изминава година биле 1 милијарда денари додека во поглед на вработувањата бројот изнесува 218 нови работни места.
Имено, вкупните консолидирани продажби во периодот од јануари-декември биле 11.102.808.123 денари.
Вложувањата на компанијата минатата година изнесуваат 1.091.631.671 денари и тие биле главно во проширување на производните капацитети.
„Алкалоид“ забележал позитивни финансиски резултати минатата година а деталите читајте ги овде.
