Економија, финансии, бизнис

Контакт

Академиците и експертите тврдат: растот на пензиите ја јаде економијата!

Академиците и експертите тврдат: растот на пензиите ја јаде економијата!
Фондот за ПИОМ нема доволно пари. Годинава Владата ќе дотира рекордни 424 милиони евра во фондот. Овие пари мора од некаде да се обезбедуваат односно тоа се пари на македонските даночни обврзници, без разлика дали доаѓаат од задолжување или директно од буџетот. Пензиите и социјалната помош продолжуваат да растат и в година. Ново зголемување од пет отсто, најави премиерот Никола Груевски на неговото новогодишно обраќање. Освен тоа, тој најави и изградба на нови државни пензионерски домови за пензионери со пониски пензии, како и нови градинки. Експертите во континуитет порачуваат дека зголемувањето на пензиите во принцип треба да го следи растот на економијата, Претседателот на МАНУ Таки Фити новото задолжување за исплата на плати и пензии го нарече апсурдно и порача дека не е добро кога една држава се задолжува за покривање на тековни трошоци од буџетот. „Платите, пензиите, социјалните надоместоци, тие мора да течат, но во принцип е апсурдно да одите на задолжување и тоа на странски пазари, за да покривате тековни трошоци на буџетот“, изјави неодамна Фити. Економскиот аналитичар Благица Петрески истакнува дека во минатиот период пензиите растеле со поголемо темпо од растот на економијата. „Економијата расте со некои 3%, а усогласувањето во пензиите околу 6,5%. Ова усогласување е оправдано доколку постои инфлација или трошоците растат позначително па пензиите треба да се усогласат со животните трошоци, но во минатите години кога стапката на инфлација е околу 0 повторно растот на пензиите е повисок од овие трошоци за живот“ смета Петрески во изјавата дадена за АлсатМ. Сето тоа доведува до една ситуација во која фондот за ПИОМ нема доволно пари. Годинава Владата ќе дотира рекордни 424 милиони евра во фондот. Овие пари мора од некаде да се обезбедуваат односно тоа се пари на македонските даночни обврзници, без разлика дали доаѓаат од задолжување или директно од буџетот.  
Слично

Поврзани вести