Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКАДЕМИК НА ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД: Србија робува на дрска власт која го уништува правниот поредок

АКАДЕМИК НА ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД: Србија робува на дрска власт која го уништува правниот поредок

Академикот и професор на Хемискиот факултет, Радомир Стаичиќ, на протестот на плоштадот Славија во Белград остро ја критикуваше српската власт, обвинувајќи ја дека го урива правниот поредок, универзитетите, културата и достоинството на граѓаните.

„Србија и понатаму робува на расипничка и дрска власт која го уништува правниот поредок, Универзитетот, културата, екологијата и земјоделството, а воздухот, шумите и полињата ги претвора во депонии“, порача Стаичиќ.

Тој ја обвини власта дека се фали со купено оружје, додека, како што рече, „на преговарачка маса предава територии платени со човечки животи“.

Во говорот се осврна и на српското собрание, за кое рече дека во три наврати одбило да изгласа резолуција дека врз српскиот народ во НДХ бил извршен геноцид.

Протестот во Белград заврши, a инциденти имало во Пионерскиот парк, каде интервенирала полицијата.

Група демонстранти фрлаа шишиња, факели и топовски удари во правец на паркот, каде што се наоѓа „Ќациленд“, каде што се собрани поддржувачи на СНС.

Во Куманово денеска имаше собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Слично

Поврзани вести