Ајова бара медицински сестри, плаќаат одлично
Ајова бара медицински сестри, кои ќе ги плаќа по 330 долари на час.
Работниците надвор од државата ќе добијат платен престој во хотел и бонус за превоз.
Американската сојузна држава Ајова одобри буџет од над девет милиони долари за ангажирање медицински сестри затоа што бројот на хоспитализации поради коронавирусот продолжува да расте, објави Вашингтон Егзаминер.
Ајова и нуди на компанија со седиште во Канзас околу 220 долари на час за медицински сестри кои ќе успее да ги испрати. Од нив се очекува да работат 20 часа прекувремена работа за 330 долари на час. Најмалку 100 респираторни терапевти и медицински сестри веќе пристигнаа во Ајова.
foto freepik.com
Слично
