Ајфеловата кула никако да им здосади на туристите
Ајфеловата кула како еден од најпрепознатливите туристички белези на Париз ќе го прослави доаѓањето на 300 милиони посетители, бројка која веќе треба денес да биде исполнета, а се брои од далечната 1889 година кога светската атракција била отворена.
– На приземјето ќе има тапани, на вториот кат амбиентот ќе биде џезерски, а на врвот на кулата атмосферата ќе биде романтична, со трио флејти. На секој половина час, се до полноќ, ќе има специјално „лајт шоу“, соопшти компанијата СЕТЕ, којашто управува со кулата.
При прославата постојано ќе има промена на осветлувањата, ќе има многу различни музички забави, па дури и бесплатен влез за тие што ќе се искачат на погорните платформи.
Ајфеловата кула е еден од најпопуларните споменици во светот, а само минатата година привлече повеќе од 5,8 милиони туристи.
