Ајфелова кула „никна“ на Косово
Копија на Ајфеловата кула е изградена во селото Јањево, во општина Липљан на Косово.
Мини верзијата е осветлена исто како и францускиот оригинал, а се наоѓа на брегот на вештачкото езеро Анија, во кое има и брод.
Изградбата ја започна неодамна починатиот Беким Бислими, а ја наследи неговиот 22-годишен син Блерим, кој објаснува дека се почнало скромно и без поголема амбиција.
Според Блерим, оваа Ајфелова кула симболизира љубов и романтика, па многу млади двојки имаат желба да се фотографираат покрај неа, иако станува збор за копија.
Семејството Бислими прво засадила овоштарник, но кога поради мочуришното земјиште било потребно да се огради малото вештачко езеро, тогаш се родила идејата да се изгради брод, во старинска форма како од време на пиратите, во кој ќе има ресторан.
Проектот постепено се проширувал, а лани е изградена и мала верзија на Ајфеловата кула, која е висока 33 метри, што е десет пати помала од оригиналната.
