Економија, финансии, бизнис

Контакт

AЈДЕ најави протест и бдеење пред Уставен суд

AЈДЕ најави протест и бдеење пред Уставен суд
Од платформата за граѓанска политика АЈДЕ, за задутре во 18 часот најавија протест кој ќе почне  од пред Владата. Луѓето кои ќе протестираат ќе поминат покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов, Собранието и ќе завршат со маршот пред Уставниот суд. Пред Уставниот суд вечерта ќе организираат бдеење над Уставот, а в среда ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување, кои забрануваат претседателот да амнестира за дела поврзани со изборен криминал. Организаторите ќе побараат оставки од  уставните судии кои ја поддржуваат ваквата иницијатива.
Слично

Поврзани вести