Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЈДЕ: Aко обвинителката не си ја сработи работата пак ќе се бунтуваме

АЈДЕ: Aко обвинителката не си ја сработи работата пак ќе се бунтуваме
Активисти од граѓанската организација ,,АЈДЕ”, денеска се собраа пред Собранието на Македонија за да ја пречекаат новата специјална обвинителка и да и ги кажат нивните очекувања. ,, Многу тешка задача има специјалната јавна обвинителка. Ќе треба да се справи со сите криминали кои ги слушнавме во бомбите. Ние како граѓанска платформа не даваме безрезервна поддршка, туку само ако има резултати.” – велат од АЈДЕ. Пред Собрание тие поставија платно на кое пишува ,,Обвинителе многу работа ве чека". Велат дека будно ќе го следат процесот и ќе продолжат да се борат за правда, слобода и демократија. ,,Ако има опструкции, притисоци или некој не си ја работи работата како што треба во специјалното јавно обвинителство, ние повторно ќе се бунтуваме. Од ова зависи иднината на нашата држава" –порачаа од АЈДЕ.
Слично

Поврзани вести