Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЈА СОФИЈА ЈА ПРЕЛЕА ЧАШАТА: Eвропа размислува за санкции против Турција

АЈА СОФИЈА ЈА ПРЕЛЕА ЧАШАТА: Eвропа размислува за санкции против Турција

Европската Унија размислува за мерки против Анкара. 

Министрите за надворешни работи на Европската Унија се согласија координирано да одговорат. 
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел се закани со акција против Турција со која европскиот блок се разидува по низа прашања, од човековите права до дупчењето за нафта и гас во Средоземното Море кај Кипар, како и менувањето на бисерот на светското наследство Аја Софија од музеј во џамија.

УНЕСКО жали поради одлуката на турските власти за промената на статусот на Света Софија, изјави деновиве директорката на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединети нации, Одре Азуле.

Таа истакна дека Света Софија како дел од Истанбул има силна симбиличка, историска и универзална вредност.

Турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган претходно го потпиша декретот откако судот претходно ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Аја Софија од џамија во музеј. 

Ердоган повика на оваа промена за време на минатогодишниот предизборен митинг.

Али Ербас, шеф на турската служба за религиозни работи, во неделата престојуваше во посета на Аја Софија за да даде упатства за нејзино претворање во џамија.

Зборувајќи пред новинарите, Ербас пред новинарите им рече дека во поранешната византиска црква на Константинопол се очекува да бидат назначени два имама кои ќе ги спроведуваат муслиманските молитви.

Сепак, Аја Софија ќе биде отворена за посетители кога во неа нема да се обавуваат молитви, а христијанските симболи и мозаици ќе останат нејзин составен дел. 

Слично

Поврзани вести