Економија, финансии, бизнис

Контакт

АИВО ОРАВ НАМЕСТО НА ОДМОР, ВО ПРЖИНО НА ПРЕГОВОРИ: Дали на повидок е договор или нов заплет ?!

АИВО ОРАВ НАМЕСТО НА ОДМОР,  ВО ПРЖИНО  НА ПРЕГОВОРИ:  Дали на повидок е  договор или нов заплет ?!

До крајот на  денот  или во текот на  викендов  четирите  најголеми партии би можеле да постигнат договор.   Работните групи  на  ВМРО ДПМНЕ , СДСМ , ДУИ и ДПА   ги  започнаа преговорите во Пржино со посредство на амбасадорот на САД,  Џес  Бејли и на ЕУ, Аиво Орав. Иако  дел од медиумите во текот на вчерашниот ден  јавија дека шефот на  делегацијата на ЕУ од денес заминува на одмор, сепак  Орав  заедно со неговиот американски колега повторно на маса ги седнаа  партиските претставници.

13695204_10153593106626587_434164449_n

Брисел  и  Вашингтон инсистираат  што е  можно побрзо да се постигне договор.   Не се исклучува  до крјаот на  јули  во Скопје да допатува  повторно германскиот специјален пратеник,  Јоханес Хајндл. Тоа би било негова петта посета на земјава.  Неизвесно е дали лидерската средба  ќе се одржи  откако  партиските претставници ќе постигнат договор или Груевски, Заев, Ахмети и Тачи ќе го чекаат германскиот дипломат кој би бил своевиден гарант.

Меѓународната заедница инсистира  приоритет да биде исполнувањето на условите за одржување на фер, демократски и кредибилни избори, а не да се лицитира со  датуми кога тие да се одржат.  Упатените  не исклучуваат одложувањето на еврообврзницата  да  биде  нов  камен  на сопнување  меѓу политичките  субјекти.  Сепак, дипломатски извори  брифираат дека  маневарскиот простор на владејачката партија  и на опозицијата да поставуваат нови услови  е стесен  и дека  рамката за договорот  е речиси исцртана.

 Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести