Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХВ: СДСМ ја манипулира и заплашува јавноста со претпоставките за листеријата

АХВ: СДСМ ја манипулира и заплашува јавноста со претпоставките за листеријата
Науката, а не претпоставките на СДСМ со кои ја заморува, манипулира и заплашува јавноста, ќе го даде одговорот на прашањето кој е изворот на заразата со бактеријата листерија и дали и каква е поврзаноста за заболените лица со храната, одговори Агенцијата за храна и ветеринарство на обвинувањата од опозицијата. „Потрошувачите, ниту во еден случај не се, како што вели СДСМ, заложници на половичните информации од институциите, туку се навремено и точно информирани за состојбата, на која непотребно од страна на СДСМ, станаа заложници на нивната желба за манипулирање“, реагира АХВ. Надлежната агенција за контрола на квалитетот и безбедноста на храната тврди дека со основна цел заштита на здравјето на граѓаните и елиминирање на ризикот од заболување од листерија, презела вонредни контроли кај потенцијалните можни извори.

Со опсежната акција на терен, контрола на сите оператори со храна во делот на месната и млечната индустрија, контрола на малопродажни објекти и последователното лабораториско испитување, како и наредување на дополнителни превентивни мерки, се успеало за краток временски период да се одстранат соменевањата. АХВ наведува дека сисемските активности за пронаоѓање  на изворот на заразата продолжуваат.

„Институциите совесно ја вршат работата и транспарентно информираат за секоја новина поврзана со листеријата. Агенцијата за храна и ветеринарство останува на определбата безбедноста на храната да биде приоритет за граѓаните на државава и затоа апелираме со потрошувачите да не се манипулира, јавноста да не се заплашува и непотребно да се доведува во заблуда од страна на политиката, на која не и е место во ваквите случаи“, се нагласува во соопштението.

Листеријата потврдена во 23 примероци храна, но по изворот на заразата уште се трага
Слично

Поврзани вести