Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХВ не нашла стиропор во спорната слаткарница каде дете се „давело“

АХВ не нашла стиропор во спорната слаткарница каде дете се „давело“
На социјалните мрежи се прошири информација дека дете се давеле од стиропор кој се нашол во торта на една скопска слаткарница. Случајот го истражуваа надлежните институции, а сега од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека не пронашле никакви траги на стиропор во слатките на посочениот трговски субјект. - По извршениот инспекциски надзор, постапувајќи по претставка од граѓанин со наводи дека делови од торта биле направени од стиропор, АХВ во моментот на надзорот не констатира отстапувања во поглед на безбедносните критериуми. Во ниту една торта не е најден стиропор кој се користел како репроматеријал во производството на торти, наведува АХВ. Инспекцијата на АХВ констатирала дека во декорирање на тортите се користени материјали како чепкалки и дрвени стапчиња за прицврстување на фигурите, но и во овој дел е докажано дека производителот поставил предупредување дека тие не се за јадење и се соодветно означени.
Слично

Поврзани вести