Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХВ казнува угостители предновогодишно

АХВ казнува угостители предновогодишно

Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатите две недели во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа  поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, има изречено 23 парични казни за угостителите.

„Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде  се одржуват предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица“, информираат од АХВ.

Според соопштението на Агенцијата, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна, а како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

„За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни“, дополнуваат од АХВ.


Слично

Поврзани вести