Ахмети во Желино: На оваа општина и треба добар менаџер
На Желино му треба добар менаџер за реализација на проекти, изјави претседателот на Демократската унија за интеграција попладнево, Али Ахмети пред присутните за време на митингот во оваа општина.
„Ние не згрешивме пред четири години со нашиот кандидат кој потоа ја менаџираше општината како што треба и ги реализираше работите што им ги вети на граѓаните. Општината бара добар менаџер и човек способен и вреден кој треба да ги реализира зафатите за и тука да може добро да се живее и младите да не ја бараат својата иднина во печалба во Германија или Швајцарија“, истакна Ахмети. Актуелниот градоначалник Фатмир Изаири, кој по втор пат се кандидира за ова место, најави завршување на започнатите проекти. „Во општина Желино немаше ниедна инвестиција освен оние направени од страна на ДУИ во училишта или патишта. Пред 4 години не беа платени ниту сметките за осветлување. Од кога ја добив вашата доверба заедно со жителите на општината, министрите на ДУИ во владата и преку Центарот за развој на полошкиот регион работевме и направивме повеќе работи како што се водовод и канализација за општинскиот центар Желино, како и во повеќе други населени места, асфалтирани беа редица патишта, а се поставија и околу 25 илјади метри квадратни бекатон плочки“, изјави Изаири. Тој потсети и дека општината е влезена во втората фаза на децентрализација, а како приоритет во моментов е изработката на генералниот урбанистички план.
Слично
