Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Влегувањето во НАТО ќе ги намали меѓуетничките тензии

Ахмети: Влегувањето во НАТО ќе ги намали меѓуетничките тензии

Нема планови за Голема Албанија и дури кога Македонија ќе влезе во НАТО, тензиите во земјата ќе се намалат. Тоа, го изјавил во една статија на грчкиот "Катимерини", лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети.

Додека траеше конфликтот во Куманово меѓу вооружената група и полициските сили, поранешниот командант на ОНА, а сега лидер на ДУИ Али Ахмети преговарал со нив.

Членовите на групата сакале Ахмети да посредува и на тој начин да се извлечат, но тој им рекол дека не може да им го отвори коридорот, бидејќи сами треба да најдат друго решение, по што тие се предадоа.

Така ја започнува својата статија грчкиот весник "Катимерини", посветена на Али Ахмети и случувањата во Македонија.

Според Ахмети случувањата во земјата се резултат на несигурноста околу евроатлантската иднина на државата, што овозможува и оправдување на некои групи да предизвикуваат инциденти.

Запрашан дали инцидентот може да влијае на односите меѓу двете заедници во земјата, Ахмети изрази убеденост дека тензиите ќе опаднат штом Скопје стане полноправна членка на НАТО.

"Несигурноста и неизвесноста на интеграцијата, како и на посветеноста кон стратешките цели предизвика несигурност и кај Албанците. Ги повикувам соседните земји да ја земат предвид стабилноста на регионот и да придонесат за мирот и стабилноста, преку конструктивност по сите отворени прашања", изјавил за весникот Ахмети.

Според него Голема Албанија не е проект на самите Албанци.

"Ние сме посветени на голема Европа со престолнина Брисел, каде што сите - Албанци, Грци, Срби, Германци и други, ќе живеат подобро", истакнал лидерот на ДУИ, додавајќи дека сите треба да се вклучат за донесувањето на политичките одлуки, да се продолжат реформите препорачани од ЕК и интензивен дијалог со Атина.

Слично

Поврзани вести