Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети:Владата ќе ги спроведе предвидените реформи

Ахмети:Владата ќе ги спроведе предвидените реформи

Лидерот на ДУИ,  Али Ахмети денеска во Тетово се сретна со специјалниот претставник на Владата на Германија, Јоханес Хајндл.

Ахмети му се заблагодари на  Хајндл за посетата и го запозна со последните случувања во Македонија.  Лидерот на ДУИ,  кажал дека договорот од Пржино  продолжува со полн капацитет, со специјален обвинител и независна изборна комисија, а Владата ќе ги спроведе предвидените реформи.

Тој ја поздрави одлуката на Уставниот суд, по иницијативата на ДУИ која овозможува враќање на Собранието, откажување на изборите  и создавањето можност за повлекување на одлуката за аболиција на претседателот, Ѓорѓе Иванов.

Слично

Поврзани вести