Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети тврди дека нема шанси за избори годинава-наскоро нова лидерска средба

Ахмети тврди дека нема шанси за избори годинава-наскоро нова лидерска средба

Избори до крајот на годинава не се возможни, тврди првиот човек на ДУИ.

Али Ахмети во интервју за тетовската тв Арт посочува дека е невозможно до крајот на оваа година да се организираат и спроведат избори.

„Договорено е со почетокот на декември да има согласност од страните кога ќе треба да се одржат изборите. Дали ќе се одржат во 2018 или 2017, тоа не можам да го прогнозирам. Годинава незвоможно е да има избори, бидејќи за да има избори наесен, до 1 јули треба да имаме влада за организирање на изборите, а тоа е невозможно да се случи“, изјавил Ахмети.

Наспроти ова опозицискиот лидер пак се придржува до ставот  за брзи и регуларни избори кои ќе ги спроведе нова Влада, додека ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски пак, бараат преодна влада 100 дена  пред избори, но и гаранции од Заев дека ќе оди на избори пред да се договори датум.

В понеделник или во вторник, лидерската четворка ќе седне на преговарачка маса, брифираат медиумите.

Слично

Поврзани вести