Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Северна или Горна Македонија е прифатливо решение за Албанците

Ахмети: Северна или Горна Македонија е прифатливо решение за Албанците
Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатлив предлог за Албанците во Македонија. Потребно е да се постигне компромис за името, бидејќи има две опции, едната е влез во ЕУ, а другата е изолација, изјавил лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Тој по остварените средби со грчкиот министер за надворешни работи, а потоа и со министерот за одбрaна, посочува дека ја потенцирал потребата за соработка помеѓу двете земји, но истовремено и побарал помош од Грција за евроатлантските интеграции на Македонија. „ДУИ презеде иницијатива за динамично да се вклучи албанскиот фактор во процесот на изнаоѓање решение за името. Албанците во ФИРОМ се составен елемент и имаме и ние одговорност за нејзината судбина. Бидејќи не сме малцинство кое е дојдено од друга земја. Ние сме од таму и не интересира секој политички потег и секоја одлука, дали за името или за интегративниот процес и не оставаме некој друг да одлучува за нашата судбина. Колку што носи одговорност Никола Груевски, толку сме одговорни и ние“, вели Ахмети. Според лидерот на ДУИ, и Брисел и САД треба да помогнат во напорите на медијаторот Метју Нимиц. Според него, Албаницте веруваат дека ќе се постигне решение меѓу двете земји.  
Слично

Поврзани вести