Ахмети се врати од Атина, Нимиц наскоро во Скопје, името полека се „крчка“?
Посредникот за спорот за името Метју Нимиц доаѓа во Македонија идната недела. Ова го соопшти Артан Груби, шефот на Кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според Груби, нимиц прво ќе замине за Атина, на 9 септември во рамки на посетата на регионот, по што ќе слета во Скопје.
Ахмети вчера се врати од посета на Атина и средбата со вицепремиерот Евангелос Венизелос но не соопшти што може да се очекува од претстојната посета на медијаторот Метју Нимиц но затоа изјави дека за решавање на спорот е потребна посериозна посветеност.
Денеска премиерот Никола Груевски изјави дека е резервиран околу посетата Ахмети на Атина која беше протлкувана и како дипломатска офанзива за членство во ЕУ и НАТО. Груевски кажа дека сега чека Ахмети лично да го информира за тоа што било разговарано во Атина.
„Генерално можам да кажам дека секој што чувствува дека на кој било начин може да придонесе и да помогне, неговите активности се добредојдени, додека се добронамерни“, изјави Груевски. Во делот за европскиот извештај за напредокот на Македонија, Груевски рече дека Македонија прави напори тој да биде позитивен, но последниот збор сепак го има Европската Комисија.
Дел од медиумите веќе анализираат дека Нимоц ќе дојде со нов предлог за името. Претходно Ахмети, за време на неодамнешната посета на Софија, изјави дека за него името Горна Република Македонија е сосема прифатливо.
Слично
