Ахмети: САД да помогнат во решавање на прашањето за името
Политичката состојба во МАкедонија, евроинтеграциите , идните избори и изборниот закони биле теми на разговор на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и американскиот амбасадор Пол Волерс. Тие денеска имаа средба во американската амбасада на која Волерс, според извори од ДУИ дал поддршката на САД за процесот на интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.
Тој исто така изразил охрабрување за интензивирање на напорите за да се постигне оваа цел.
Според Ахмети пак, САД се стратешки партнери на Македонија и регионот во напорите за евроатланските интеграции.Тој побарал американските власти да се вклучат директно и да помогнат во спорот со името.
„Сега е време за решение и страните да седнат на маса со помош на меѓународната заедница, САД, Европската Унија и НАТО“ нагласил Ахмети.
Ахмети на средбата го повторил и ставот за поддршка на консензуален кандидат за Претседател. Според лидерот на ДУИ, ваков претседател ќе биде прифатлив за сите граѓани од Македонија.
Слично
