Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети пред Волерс: Иванов не може да носи одлуки во име на Албанците во Македонија

Ахмети пред Волерс: Иванов не може да носи одлуки во име на Албанците во Македонија
Апсолутното мнозинство на Албанците во Македонија не гласаше на претседателските избори и не се чувствува претставувано од страна на актуелниот претседател Ѓорге Иванов, рекол лидерот на ДУИ Али Ахмети на средба со американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс. Според Ахмети, на Иванов му недостига легитимитетот од албанските гласови. „На изборите на 13 и 27 Април, Албанците се одредија против концептот на избирање на еднопартиски претседател и се одредија за концептот на консензуалност, помирување и еднакво претставување од страна на институцијата претседател. Во отсуство на легитимноста од албанскиот електорат, актуелниот претседател не може да претендира дека ги претставува и Албанците и да носи одлуки и во нивно име“, нагласил Ахмети. Според партиското соопштение од ДУИ, двајцата со Волерс разговарале за евроатлантската интеграција на земјата,подобрувањето на меѓуетничките односи, потребните реформи и прашањето за името. Амбасадорот Волерс рекол дека посетата на американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд на земјава беше продуктивна и оти тој се надева дека темите за кои што се разговарало на тие средби ќе бидат и реализирани што е можно поскоро. „Стратешка цел на САД е членството на Македонија во евроатлантските структури и овој процес претставува клуч за стабилноста на земјата, но и на регионот“, рекол Волерс, нагласувајќи го значењето на оддржувањето на здрави меѓуетнички односи во земјата. Во овој контекст, Ахмети ја нагласил итната потреба за реформи во судството за да се овозможат „предуслови за подигање на довербата кон правдата“. „Предрасудите на одредени Судии и Обвинители ги отежнуваат и реформите во владеењето на правото, но и меѓуетничките и меѓуверските односи како и соживотот“, рекол Ахмети.
Слично

Поврзани вести