Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети:Поделбата на Македонија на две федерални единици би билa проблематична

Ахмети:Поделбата на Македонија на две федерални единици би билa проблематична

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за истражувачката мрежа БИРН,  вели дека повиците за федерализација на Македонија се непрактични.

Вели дека поделбата на Македонија на две федерални единици би билa проблематична, бидејќи многу луѓе живеат во етнички мешани средини.

„За да дискутирате за такви теми, мора добро да ги познавате конфигурацијата, географијата на земјата, нејзините населби. Како ќе направите федерација или конфедерација во која тие две федерални единици ќе имаат дефинирани граници и територии?”- изјави Ахмети.

За Охридскиот договор Ахмети изјавил дека би требало да ги реши главните проблеми помеѓу Македонците и Албанците, за двете заедници да бидат еднакви.  Тврди дека 15 години по потпишувањето на Рамковниот  договор, спроведувањето во некои делови е тешко.  Тој ги отфрла тврдењата дека неговата партија е марионета на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Ахмети објаснува дека неговата партија донела добра одлука да остане во Владата, затоа што како што вели гласачите ја избрале нивната партија за да ги претставува.

Слично

Поврзани вести