Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети од ОБСЕ побарал да го следи судскиот процес за „Монструм“

Ахмети од ОБСЕ побарал да го следи судскиот процес за „Монструм“
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет побарал од претставниците на оваа меѓународна организација да го следат судскиот процес за случајот „Монструм“ во кој обвинети се осомничени извршители на петкратното убиство кај Смилковското Езеро. „Ахмети побара од мисијата на ОБСЕ да продолжи внимателно да го следи судењето околу случајот „Монструм“, со цел сите страни да се осигураат во еден фер и праведен процес, базиран врз силни факти“, стои во соопштението од ДУИ. Амбасадорот Брет го уверил Ахмети дека ОБСЕ внимателно го следи судењето и елаборирал за досегашниот напредок, вклучувајќи ја и неможноста на пристап до сведочењата на заштитените сведоци, наведуваат од ДУИ. Освен за овој случај, Ахмети и Брет разговарале и за неодамна завршените избори, за процесот на формирање на новата Влада и за приоритетите што таа ќе ги има, особено во делот на евроатлантските интеграции.
Слично

Поврзани вести