Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети од Бугарија: Сега постои еден предлог „Горна Македонија“

Ахмети од Бугарија: Сега постои еден предлог „Горна Македонија“
Делегација на Демократска унија за интеграција (ДУИ) предводена од Али Ахмети денеска отпатува во посета на Бугарија, каде што осврнувајќи се проблемот со Грција, Ахмети истакна дека спорот за името  кај нас, не е потежок од спорот меѓу Косово и Србија. На денешното предавање во Софија насловено „100 години од Балканските војни, помирување и интеграција“, Ахмети посочил дека проблемот за името е многу емоционален, а кога има емоции нема рационалност. Како што денеска пренесоа бугарските медиуми, без притисок од меѓународната заедница и без помош од земјите во регионот, од ДУИ сметаат дека прашањето за името тешко ќе се реши. „Досега имаше средби на ниво на претставници меѓу Македонија и Грција без конкретни предлози. Сега постои еден предлог „Горна Македонија“. Тоа значи дека има еден основен документ околу кој двете страни може да седнат и да разговараат. Сега е моментот кога треба да се седне на масата за преговори. Кога ќе се седне на маса ќе започне дијалогот, но  тој не треба да остане на ниво на пратеници, туку да се подигне на повисоко ниво“, истакнал Ахмети кој додава дека на почетокот компромисите не се пријатни за земјите учеснички во преговорите. Според планот на посетата , Ахмети се сретнал и со министерот за надворечни работи Кристијан Вигенин, а претходно се најавуваше можност за средба со бугарскиот премиер . Неодамна Ахмети беше и во посета на САД, Германија и во Албанија, а посетата на Бугарија се верува дека е дел од низата планирани средби на високо ниво во идниот период.
Слично

Поврзани вести