Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети нема да поднесе кривична, ама бара формирање на група од експерти

Ахмети нема да поднесе кривична, ама бара формирање на група од експерти

На денешната остварена средба со евроамбасадорот Аиво Орав, лидерот на ДУИ, Али Ахмети побара Меѓународната заедница да формира посебна група од експерти, која заедно со домашните институции на системот би го истражувале случајот со прислушкувањето објавено од претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Ова е единствениот начин на кој според Ахмети вистината ќе излезе на виделина.

- Доколку се вклучи меѓународниот фактор во овој случај, нема да има двоумење од ниту еден граѓанин, дали истражната постапка е со кредибилитет, изјави Ахмети.

- По денешните средби со специјалниот пратеник од министерството за надоврешни работи на Германија, Ернст Рајхел и шефот на канцеларијата на ЕУ, Аиво Орав разговаравме за развојот на настаните во Македонија. Заеднички ја споделивме загриженоста за овие настани и јас го покренав како прашање кај соговорниците да се создаде политичка група од претставници од меѓународната заедница на политичко и на експертско ниво за решавање и менаџирање на состојбата, изјави Ахмети. Тој побара од Меѓународната заедница да се создаде една политичка и експертска комисија со цел овој процес да добие кредибилност и доверба кај сите граѓани на Македонија и да се отстрани секое двоумење околу третманот на овој процес. - Сегашната состојба бара рационално и зрело однесување, да покажат сите политички субјекти во земјата за да не се дефокусира нашата агенда за членство во ЕУ и НАТО со унапредување на меѓуетничките односи, економскиот развој на земјата и унапредување на односите со соседните земји. Сите политички сили во земјата треба да го имаат ова како приоритет бидејќи тука е користа за сите граѓани, дополни лидерот на ДУИ. Ахмети истакна дека се чуствува изневерен од  ВМРО - ДПМНЕ и според нив оваа партија е директен учесник во прислушкувањето на лидерот на ДУИ, но напомена дека нема да поднесува кривична против никого бидејќи институциите се тие кои треба да си ја вршат работата професионално.

- ДУИ работи и делува надвор од дневните емоциии и со ладна глава ги анализира сите состојби и делува така што ниедно дејство нема да биде во спротивност со интересите на граѓаните и ниедно дејство нема да биде предизвикано од емоции туку со размислување, разумност и ладнокрвност, изјави Ахмети.

Слично

Поврзани вести