Ахмети не сака федерализација на Македонија
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажа дека е против федерализација на Македонија, во интервју за емисијата „Животот во Косово“, на косовската државна телевизија РТК, кое ќе се емитува во четврток.
Тој вели дека не може да се прави федерализација во една земја во која не можете да одлучите каде би била границата, во која не знаете каде започнува, а завршува еден ентитет, а каде почнува друг.
„За да се отпочнесо таква тема треба да ја знаете конфигурацијата, географијата, демографијата, населбите во земјата. Договорот од Охрид најдобро ги решава проблемите. Двата ентитета живеат заедно, потребни се добри политики и закони, не е потребно нешто друго. Како можете да креирате федерација или конфедерација кога за федерација или конфедерација се потребни и конкретни граници?“ - изјави Ахмети.
Со ова Ахмети категорично кажа дека е против федерализација на Македонија.
