Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: НАТО си го направи своето за приемот на Македонија

Ахмети: НАТО си го направи своето за приемот на Македонија
Северноатлантската алијанса ја завршила својата работа уште од 2008 година кога ја покани Македонија да и се придружи на сојузниците, под услов да се реши спорот за името, смета лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој се сретна со хрватскиот амбасадор во земјава Златко Крамариќ, со кого меѓу другото разговарале и за евроатлантската перспектива на земјата и за самитот на НАТО што се одржува во Кардиф. „Сега, останува Скопје и Атина да најдат храброст и заеднички јазик за да се надмине овој проблем во корист на регионот“, рекол Ахмети, додавајќи дека поскоро решавање на прашањето за името истовремено ќе го отвори патото кон НАТО, но и ќе ги релаксира многу меѓуетничките односи и ќе влијае во економскиот развој на земјата. Хрватска е пријателска земја и поддржувач на евроатланската интеграција на Македонија и ги поддржува интегративните напорите на Македонија, уверил амбасадорот Крамариќ. Во врска со актуелната политичка ситуација во земјава, Ахмети истакнал дека местото на пратениците од Демократската Партија на Албанците е во Собранието и дека Собранието е местото каде што може да ја претстават својата загриженост и да понудат решенија за проблемите на земјата и граѓаните.
Слично

Поврзани вести