Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети на средба со бугарскиот амбасадор разговарал за македонско-бугарските односи

Ахмети на средба со бугарскиот амбасадор разговарал за македонско-бугарските односи
Македонско-бугарските односи и нерешните прашања меѓу двете земји биле тема на средбата меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и бугарскиот амбасадор во земјава Иван Петков. Тие се сретнаа во седиштето на ДУИ во Мала Речица.
Бугарскиот амбасадор зборувал околу потребата за постигнување договор и ја изрази подготвеноста на Бугарија за заедничко одбележување на историските настани, а потоа за фокусирање на билатералната соработка. Ахмети ја нагласил подготвеноста за продлабочување на билатералната соработка што ќе биде во корист на регионот. „Тоа се надеваме дека ќе се постигне и со другите наши соседи и да ги надминеме сите отворени прашања“, рекол Ахмети.
Тој додал дека с амо целосно интегриран регион во НАТО и ЕУ може да обезбеди одржлив мир, безбедност, стабилност и економски развој. „Интеграцијата во НАТО и ЕУ не е провокација кон никого, но е подобрување на историската неправда и реализација на природната припадност на регионот во Европа“, истакнал лидерот на ДУИ.
Слично

Поврзани вести