Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети на грчкиот амбасадор му ветил дека ќе се заложи за решение за името

Ахмети на грчкиот амбасадор му ветил дека ќе се заложи за решение за името
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата се сретнал со грчкиот амбасадор во земјава Харис Лалакос. Според партиското соопштение, на средбата Ахмети ја подвлекол „готовноста на ДУИ за директен придонес кон постигнување на компромисно решение со нашиот јужен сосед“ и нагласил дека „меѓународното олеснување е неопходно и би го олеснило процесот на постигнување на решение“. Ахмети додал дека „ДУИ е поборник за мир, стабилност, сигурност, добри односи помеѓу заедниците, добрососедски односи како и за економски развој, а сето тоа се постигнува само преку успешен интегративен процес на земјата во НАТО и ЕУ“. Од своја страна, Лалакос истакнал дека „во Грција има готовност да се интензивираат разговорите околу постигнувањето на компромис со Скопје во рамките на процесот кој што се води при Обединетите нации“. Грчкиот амбасадор на лидерот на ДУИ му честитал за изборната победа и ја поздравил одлуката сите сили на новата Влада да се фокусираат на интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Слично

Поврзани вести