Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети му честита на Тачи за задржаната лидерска позиција

Ахмети му честита на Тачи за задржаната лидерска позиција
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска испрати честитка до неговиот политички ривал, првиот човек на ДПА Мендух Тачи, заради реизборот на лидерската позиција во неговата партија. „Во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција, ми претставува задоволство да го поздравам Вашиот реизбор за претседател на Демократската Партија на Албанците и да Ви посакам добро здравје и успех во Вашата работа како лидер на опозициската партија на Албанците во Македонија. Разликите меѓу нашите ставови се корисни за нашето општество и придонесуваат за квалитетни решенија на прашањата кои ја засегаат нашата земја. Но, јас сум сигурен дека делиме слични ставови  околу главните прашања кои ја чекаат нашата земја и дека заеднички ќе дадеме конструктивен придонес во надминувањето на овие пречки што ќе овозможи благосостојбата на нашите граѓани“, стои во честитката на Ахмети. Притоа, лидерот на ДУИ му честита на Тачи и за одлуката неговите пратеници да се вратат во Собранието и да продолжат со активностите на конструктивна опозиција. „Кај ДУИ ќе најдете партнер за секој конструктивен пристап и за секоја квалитетна понуда за подобрување на животот на граѓаните. Посакувам ова враќање да означи нова ера во јавната дебата помеѓу албанските политички партии и во согласност со очекувањата на граѓаните“, вели Ахмети. ДПА се враќа во Собранието по двомесечен бојкот инициран токму по инцидент со пратениците на ДУИ, за време на расправата за ребалансот на Буџетот.
Слично

Поврзани вести