Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети:Консултираме домашни и странски експерти да го вратиме Собранието во функција

Ахмети:Консултираме домашни и странски експерти да го вратиме Собранието во функција

Консултираме домашни и странски експерти во врска со тоа како може да го вратиме Собранието во функција, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл.

Ахмети го известил Хајндл дека во моментов нема услови за одржување на изборите на 5 јуни. Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за скопскиот договор, додава тој.

„ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни сметаме дека не би било добро да се одржат, поради имиџот на нашата земја. Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција“ - изјави Ахмети.

Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања, смета Ахмети. Во германската амбасада, на средба со Ханјдл пристигна и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. По средбата со Тачи, Хајндл треба да се сретне и со евроамбасадорот Аиво Орав.

Хајндл од вчера е во дводневна посета на Македонија.

Слично

Поврзани вести