Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Јас се солидаризирам со чувствата на Македонците, но треба компромис за доброто на државата

Ахмети: Јас се солидаризирам со чувствата на Македонците, но треба компромис за доброто на државата
Секогаш во коалицијата не тече мед и млеко, има дебати, несогласувања, разлики, но тие не се во таа големина за да се стисне копчето за да се бомбардира со ракети „Патриот“, значи бомбардирања во коалицијата нема да има. Ова во интервју на Радио Слободна Европа го вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети. „Сите мои активности беа во функција прашањето околу Македонија да се постави во меѓународната агенда, нерешавањето на името создава политичка несигурност и тензија во земјата и во регионот. Морам да нагласам дека Македонија во моментов се наоѓа на раскрсница и неколку пати сум кажал дека сообраќајни несреќи се случуваат на раскрсници, а не на прав пат. Ние како политичари се залагаме земјата да се насочи на прав пат и да не останеме во статус кво ситуација. Ние сме во таа точка каде што треба да решиме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад“, вели Ахмети. Според него, ако се движиме наназад ќе се соочиме со изолација, а цената ќе ја платат граѓаните на Македонија. Вели дека се наоѓаме во еден важен момент кој што бара акција, храброст и решителност, за да да се постигне етнички и политички консензус. НАТО, ЕУ за Ахмети се единствениот избор за мир, стабилизација, и економски развој. „Европа е заедница на различности, во таа Европа секој си го чува својот идентитет и го зајакнува тој идентитетот, но ако останеме изолирани ризикуваме да го изгубиме и идентитетот и државата“, вели тој. Запрашан за тоа кој е виновен за статус кво ситуација на Македонија по одлуката на Советот на Европа, Ахмети вели дека сега е најмалку потребно да се бараат виновници. „За мене е бесмислено петте препораки коишто се направени и одлуките за сите пет се негативни. Ова не е добро за политичките партии, не е добро ниту за граѓаните на Македонија, но најмалку е добро за Брисел, ставајќи се во таква ситуација како главен град на Европа од каде што се промовира мирот, дијалогот. Тоа што се случи меѓу Приштина и Белград е момент кој треба да се поздрави од целиот регион. Јас пак останувам на тоа дека следува сериозна активност од меѓународната заедница во насока на олеснување на разговорите меѓу грчката и македонската страна, да се постигне компромис, од двете страни со тоа што нема да задира во идентитетот на нашите сограѓани Македонци бидејќи јас се солидаризирам со чувствата на моите сограѓани Македонци, во насока на зачувувањето на идентитетот, во насока на зачувување на културните вредности на Македонците, така што тие прашања се сензитивни и потполно се согласувам да не се чепкаат. Но, сепак треба да се постигне еден компромис за доброто на државата“, вели тој за Радио Слободна Европа.
Слично

Поврзани вести