Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Изборите на 5 јуни, условите се исполнети

Ахмети: Изборите на 5 јуни, условите се исполнети
Оддржувањето на изборите на 5  јуни ќе овозможи почеток на крајот на политичката криза во земјата, но претставува предуслов за враќање на нашите државни приоритети кон евроатлантската агенда, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети при денешната средба со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ. Во седиштето на Европската Унија во Скопје, Ахмети беше поканет од  евроамбасадорот, Аиво Орав на работен состанок со сите амбасадори на земјите-членки на Европската Унија, акредитирани во Македонија. „ДУИ ќе се фокусира во воспоставувањето на стабилноста и безбедноста, решавање на прашањата со соседите кои ја попречуваат интеграцијата во НАТО и ЕУ, меѓуетничките односи, спроведување на приоритетните реформи, економскиот развој и социјалната заштита“- стои во соопштението од ДУИ. Лидерот на ДУИ, Ахмети со амбасадорите разговарал за најновите политички случувања во Македонија, меѓуетничките односи, злоупотребата на верски симболи и слично.
Слично

Поврзани вести