Ахмети и Волерс разговарале дека името мора да се реши по изборите
Лидерот на ДУИ Али Ахмети се сретна со американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс, со кого разговарал за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори, информира ДУИ.
Ахмети ги објаснил во детали ставовите на ДУИ околу претседателските избори нагласувајќи дека иницијативата на ДУИ за еден кандидат за претседател со договор меѓу страните кои имаат легитимитет кај двете заедници е „иницијатива која придонесува за помирување и зближување на граѓаните“.
„ДУИ нема да го повика електоратот да гласа на претседателските избори бидејќи нема свој кандидат, но нема да спречи ниту еден граѓанин да ја изрази својата политичка волја, било со негласање или гласање. Ако добие легитимитет на парламентарните избори, ДУИ ќе продолжи да биде достоен партнер на меѓународната заедница во остварување на нашата заедничка стратешка цел, интеграцијата на Македонија и регионот во НАТО и Европската унија“, рекол Ахмети пред Волерс.
Тој на побарал поддршката на Вашингтон за да се нагласи неопходноста од концентрирање на вниманието во решавање на прашањето за името по изборите.
Американскиот Амбасадор Волерс, пак, повторил дека САД силно го поддржува патот на Македонија кон НАТО и ЕУ и ја потврдил потребата за да се фокусираат силите во решавање на прашањата кои ја држат Maкедонија далеку од Брисел, по изборите во 27 април.
Волерс ги нагласил очекуваањата на меѓународната заедница дека изборите во Македонија ќе поминат во мирна, фер и демократска атмосфера.
Слично
