Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети и Тачи најнередовни во Собрание

Ахмети и Тачи најнередовни во Собрание

Според последниот број на „Мој пратеник“ со најмногу оправдани отсуства од Парламентот се албанските полтички лидери  Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, додека пратеници без ниту едно отсуство се претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Веднаш зад него се Андон Чибишев, Светлана Јакимовска, Силвана Бонева, Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Роза Топузова Каревска и други.

Листата покажува дека во последните шест месеци се одржани вкупно 28 седници , од кои 25 се завршени, а три не завршени.

За шесте месеци без опозицијата законодавниот дом донел 178 закони од кои 120 се од областа на економијата, 29 од политичката дејност а  47 од областа на јавните дејности.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ (12), Талат Џафери од ДУИ (9) и Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ (8) се пратениците кои поднеле најголем број предлог закони во првото шестмесечие од годинава. Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ поднел шест закони, Олга Најденовска од ВМРО-ДПМНЕ пет и Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ четири.

Најмногу амандмани во истиот период поднела независната пратеничка Роза Топузова Каревска – 88, а зад неа се Рамиз Мерко од ДУИ со 65, независната пратеничка Солза Грчева  и  Ејуп Рустеми од ДУИ со по 56 и Олга Најденоска од ВМРО-ДПМНЕ со 55 амандмани.

Најголем број на пратенички прашања на седниците поставила Грчева, после неа се  Благица Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ, Соња Талевска од ВМРО-ДПМНЕ и независната пратеничка Љубица Буралиева .

Топузова Каревска е прва и на листата пратеници која јавно барала дискусија, и на листата на пратеници со најголем број реплики односно контрареплики .

На пленеарните седници пратеници кои воопшто не дискутирале се дваесет и тројца, а најдискутабилен на седниците бил пратеникот Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ  како и Топузова Каревска.

Слично

Поврзани вести