Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмeти и Нуланд разговараа за кризата и за евро-атлантската агенда

Ахмeти и Нуланд разговараа за кризата и за евро-атлантската агенда

Лидерот на Демократската унија за интеграција,  Али Ахмети денеска во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, како и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

 
„Ахмети и Нуланд, како секогаш отворено и пријателски разговараа околу начините како да се реши политичката криза во земјата и враќање на евро-атлантската агенда“- се вели во соопштението од ДУИ.

Нуланд ја изрази проценката на САД за конструктивната улога на Ахмети кон постигнување решение, како и тесната соработка со американските власти, додаваат од партијата.

„Ахмети ја увери Нуланд дека ДУИ е најконструктивна за изнаоѓање на решение како и изрази оптимизам за брзо постигнување на компромис од двете страни во наредните денови.
Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро“ - соопштуваат од ДУИ.

Ахмети ја информирал Нуланд околу предлозите на ДУИ за прочистување на Избирачкиот список и медиумите како и потребата за двете страни да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за предвремени избори.

Тој побарал поддршка од Америка за следење на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Слично

Поврзани вести