Ахмети и Бесими заминаа во Брисел да лобираат за Македонија
Разговорите со еврокомесарот Штефан Филе и со претставници од Директоратот за проширување за Западен Балкан се само дел од средбите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој тргна во официјалната посета на Брисел. Средбите се случуваат во пресрет на објавувањето на Извештајот Европската комисија за напредокот на Македонија
Партиски извори велат дека Ахмети истакнал дека е потребна поголема вклученост на земјите членки и на институциите на ЕУ за поинтензивна евроинтеграција на Македонија, а со ова тој ја продолжува мисијата за барање меѓународна помош две недели пред извештајот на Европската комисија, а по пораките за криза на преговорите со Грција и изјавите во овој контекст на високи претставници од двете земји.
Во текот на десетдневната турнеја во повеќе европски метрополи, на Ахмети друштво му прави министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими. Според најавите тие ќе лобираат за помош кај лидерите на Унијата за побрзо интегрирање на Македонија во ЕУ и во НАТО.
Слично
