Ахмети го повика Заев да учествува на избори, а СДСМ да не брза со одлуки!
Владиниот коалиционер, лидерот на албанската партија Али Ахмети, го повика опозицискиот лидер Зоран Заев да остане посветен нареализација на преостанатите обврски од договорот од Пржино.
На својот Фејсбук профил, Ахмети, повикува СДСМ да не брза со одлуките кои се важни за иднината на земјава, а Заев да учествува на изборите.
Тој на почетокот се осврнува на договорот од летото, кој во јуни/јули со посредство на меѓународната заедница го потпишаа четирите главни политички партии во земјата за решавање на длабоката политичка криза .
„Партиите се согласија на задачите кои треба да се имплементираат и датумот на одржување на предвремени избори, со цел ставање крај на кризата. 24. април како датум на изборите беше потврден уште еднаш на лидерската средба одржана на 15 декември 2015 година, кога се договоривме околу изборот на членови на Државната изборна комисија.
Спроведувањето на договорот секако дека имаше свои предизвици но поголемиот дел од обврските веќе се спроведуваат и се реализирани додека исто така се усвои и акциониот план за итни реформи препорачани од страна на Европската комисија, чија имплементација ке продолжи и по изборите. Во исто време ние сме посветени да и помогнеме на ДИК да ги врши задачите на време и да обезбеди еднакви услови на медиумите за партиите што учествуваат во изборниот процес“, стои во објавата на Фејсбук на албанскиот лидер.

