Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети го поддржува договорот за добрососедство со Бугарија

Ахмети го поддржува договорот за добрососедство со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија треба да биде потпишан што е можно побрзо. Ова е заклучокот од средбата меѓу лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети и бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов, пренесуваат локалните бугарски агенции.

„Бугарија ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и е заинтересирана за мирот и стабилноста во регионот, територијалниот интегритет и интегритетот на Македонија. Ахмети го поддржа целосно договорот за добрососедство меѓу двете земји, што произлегува и од договорот меѓу политичките лидери во Македонија од 2 јуни“, се вели во соопштението на ДУИ.

На средбата Али Ахмети истакнал дека политичките водачи на Македонија треба да си дадат уште една шанса на договорот од 2 јуни и да започнат со негово извршување.

Слично

Поврзани вести