Ахмети го информираше Орав како му течат преговорите со Груевски
Лидерот на ДУИ Али Ахмети дебеска се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав, со кого разговараше за резултатите од последните парламентарни избори и приоритетите за новата Влада - добрососедските односи, решавање на прашањето за името и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, информираат од ДУИ.
„Разговорите за формирање на новата Влада што ги водат двете страни кои добија апсолутен легитимитет кај двете етнички заедници - ДУИ и ВМРО - ДПМНЕ, се започнати и се развиваат во правец на хармонизација на изборната платформа и на видувањата за иднината на земјата како и земање на поголема одговорност во овој мандат“, го информирал Ахмети евроамбасадорот.
Евроатлантските интеграции се приоритет на ДУИ и затоа Ахмети ги поканил Брисел и Вашингтон на соработка за да се забрза овој процес во пресрет на самитот на НАТО во септември.
Слично
