Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Без ДУИ во Владата ќе има дестабилизација!

Ахмети: Без ДУИ во Владата ќе има дестабилизација!
Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку интервју за косовски весник испраќа порака оти ДУИ мора да биде дел од следната македонска Влада, затоа што во спротивно ќе има дестабилизација на земјата. „Доколку ДУИ не стане дел од Владата ќе има нестабилност во Македонија“, изјави Ахмети за косовскиот весник „Нова ера“. Тој најавува дека како најголема политичка сила на Албанците во Македонија ќе преговараат со ВМРО-ДПМНЕ за влезот во нова владина коалиција и смета дека не е возможно наместо неговата партија во Владата да влезе ДПА на Мендух Тачи.  ДУИ на изборите освои 153.000 гласа и 19 пратеници, додека за ДПА гласа 66.000 граѓани и партијата ќе има 7 пратеници во новиот состав на Собранието. На ВМРО-ДПМНЕ, пак, му фали само еден пратеник за апсолутно мнозинство во Парламентот.
Слично

Поврзани вести