Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети бара решавање на спорот со името

Ахмети бара решавање на спорот со името
Претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорот на Грција во Скопје Харис Лалакос, денеска имаа средба во Мала Речица. Како што соопштија од ДУИ, било разговарано и за прашањето за името како единствена пречка која стои помеѓу Скопје и Брисел. „Али Ахмети го запозна грчкиот амбасадор за неговите посети во САД и Германија и напорите што ДУИ ги вложува за да се реши спорот. ДУИ смета дека решавањето на спорот за името со нашиот јужен сосед ќе донесе издржлив мир, стабилност, безбедност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, но и економски развој“, стои во соопштението од ДУИ. Ахмети смета дека страните треба храбро да пристапат на дијалогот врз основа на последниот предлог на посредувачот Нимиц и да постигнат компромис во кој двете страни би биле задоволни, а процесот треба да се турка и од страна  на меѓународната заедница. Претходно Ахмети се сретна и со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Ахмети го запознал Жерновски за посетата на Соединетите Американски Држави и Германија, а и пред него потенцирал дека е неопходен компромис за прашањето за името, со што Македонија ќе да стане член на ЕУ и НАТО. Двајцата соговорници се согласиле дека приоритети на Македонија се добрите меѓуетнички односи, доследна реализација на Охридскиот договор, добрососедските односи и економскиот развој на земјата.  
Слично

Поврзани вести