Ахмети бара од Расмусен влез во НАТО и помош за спорот со името
Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен во кое наведува дека решението на спорот за името со Грција е многу значајно не само за Република Македонија, туку и за Западен Балкан, исто како што и договорот меѓу Косово и Србија влијаеше позитивно врз целиот регион.
- Ние остануваме ваш посветен партнер во постигнувањето на оваа цел и ја користам оваа прилика да повторам и да ја нагласам потребата за итното вклучување на меѓународната заедница во олеснувањето на процесот што е можно поскоро, посочува Ахмети во писмото.
-За нас, НАТО нема алтернатива. Затоа, се согласувам со вас дека времето за НАТО е сега и дека се очекуваат храбри и визионерски одлуки од страна на политичарите затоа што само така се придонесува за одржлив мир, стабилност и сигурност,добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економски развој, му пишува Ахмети на Расмусен.
Слично
