Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети бара од Германија да се вклучи за решавање на името

Ахмети бара од Германија да се вклучи за решавање на името
Клучниот проблем со кои се соочува Македонија е решението на спорот за името бидејќи оваа пречка ја држи во заложништво евроатланската иднина на Македонија и ги влошува меѓуетничките односи врз кои се гради општеството, оценил лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со германската Амбасадорка во Македонија Кристин Алтаузер. Ахмети од властите во Берлин побарал директно да се ангажираат во олеснувањето на постигнување решение. Германската амбасадорка, пак, ја истакна германската поддршка за побрзо решавање на овој проблем и додала дека очекува посветеност од двете страни за надминување на билатералниот спор за името во кој Германија е подготвена да помогне. Во врска со случајот Монструм, Ахмети го повторил ставот на ДУИ против селективните пресуди и одлуки и побарал транспарентност во изведувањето на доказите и меѓународен мониторинг. Запрашан околу прашањето на православните Албанци во Македонија, лидерот на ДУИ објаснил дека Албанската православна заедница е во очекување на литургиите на албански јазик во рамките на Македонската Православна Црква. „Оваа заедница е асимилирана во последните 100 години, на различни начини од страна на властите, и сега се враќа кон своите корени“, и рекол Ахмети на германската амбасадорка Алтаузер.
Слично

Поврзани вести