Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети бара консензуален претседател за Македонија

Ахмети бара консензуален претседател за Македонија
На Македонија и треба консензуален претседател, а претстојните редовни претседателски избори и евроинтеграциите се настани кои ќе ја одбележат новата година, смета  лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој во предновогодишно традиционално обраќање, истакна дека сиот потенцијал на партијата ќе биде насочен кон остварување на желбите на сите граѓани и на сите Албанци. Исто така се пофали дека изминатава година партијата имала големи победи. „ На локалните избори ДУИ победи во сите места каде што имаше свои кандидати. Победата во Општина Кичево ќе остане во нашето сеќавање како победа која беше посакувана и добредојдена за сите Албанци од Куманово до Струга, од Дебар, Битола и Прилеп. И во овој случај од ваше име тука сакам да им се заблагодарам на сите печалбари за нивниот придонес кој го дадоа за да обезбедат победа која беше долго очекувана“, истакна Ахмети. Тој посочи дека ДУИ оствари бројни средби со странските лидери, но не направила ништо спротивно на програмата на партијата, ниту пак направила конспиративни политики на штета државата. Интеграцијата на нашата земја е позитивна , вели тој и додава дека не треба да се враќаме назад бидејќи така одиме во изолација. Во однос на претседателот Ахмети вели: - Ние излеговме со еден многу јасен и отворен став, не сакаме да правиме игри, не сакаме да правиме театар, туку нудиме еден стандард кој ќе биде во полза на Република Македонија и во полза на сите граѓани-консензуален кандидат кој ќе ги претставува со достоинство сите граѓани на Република Македонија без разлика на која етничка заедница и припаѓаат“.
Слично

Поврзани вести