Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети бара избори во април оти во јуни биле рамазанските пости!

Ахмети бара избори во април оти во јуни биле рамазанските пости!

Со необичен и цврст став излезе денеска коалициониот партнер на владеачката гарнитура и лидер на ДУИ Али Ахмети.

Имено, како што пренесе 24 вести тој со цврст став поддржува предвремените парламентарни избори да се одржат во април.

Ахмети предупредува дека во јуни земјава ја чекале големи предизвици како Самитот на НАТО во Полска во јули и зголемениот прилив на мигрантите, а потеницираше и дека гласачите на ДУИ во јуни се спремаат за  рамазански пости и друг датум не сакаат да прифатат.

-Без институционална организација не може да ги изменаџираме овие ситуации. Имаме проблем со името и за членството во НАТО треба да се преговара, ако датумот се помести ќе го изгубиме самитот на НАТО. И не можеме да прифатиме друг датум, бидејќи нашиот електорат го чека и постење бидејќи во јуни се рамазанските пости – изјавил Ахмети. Лидерот на ДУИ исто така побарал специјалната обвинителка да биде поактивна и да го реши случајот со прислушувањето.

Слично

Поврзани вести