Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети бара итно решавање на спорот со името

Ахмети бара итно решавање на спорот со името

Сега е моментот да се реши спорот за името со Грција, што би и го отворило патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за Дојче веле. Сепак, не е оптимист дека ова прашање ќе се реши во јуни со што би ги започнале преговорите за членство во ЕУ. Ахмети вели дека во владината коалиција има разбирање дека треба да се постигне компромис со грчката страна околу името.

„Ние како Албанци ги информиравме сите партии од македонскиот политички блок со кои имиња не се согласуваме. Не се согласуваме земјата да се нарекува Словенска Република Македонија, ни Национална Република Македонија, ниту пак да остане во употреба Поранешна Југословенска Република Македонија. Секој друг компромис за нас е прифатлив. На пример: Горна Република Македонија, Северна Република Македонија и сл“, истакнува Ахмети.

Тој потсетува на последната идеја од посредникот Нимиц и поради таа причина, како што наведува, ДУИ презеде нагласена дипломатска активност, зашто оценува дека сега е моментот страните да седнат на заедничка маса.

„Не сакам да бидам погрешно разбран од ниту еден политичар и лидер во земјата, но сакам да кажам дека сега е моментот да имаме храброст и да ги затвориме значајните теми кои се во корист на добробитта на сите граѓани на Република Македонија и на сите оние кои по нас доаѓаат – за доброто и иднината на нашите деца“, вели лидерот на ДУИ.

Запрашан дали идејата за „Голема Албанија“ е реалност или сон, Ахмети одговора дека тој проект е роден во големосрпските центри на Милошевиќ со цел да се отфрли легалното барање на Албанците кои тогаш живееле во поранешната Југославија.

Слично

Поврзани вести